ПРАВИЛА И УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА веб порталот http://e-aukcija.pekabesko.com.mk/
Пекабеско АД, преку веб порталот http://e-aukcija.pekabesko.com.mk/ му овозможува на интернет посетителот/ правното лице ( во понатамошниот текст : корисникот) да биде информиран за понуди за е-аукција на порталот, како и учество на аукцијата.
Ве молиме, прочитајте ги внимателно следниве услови за употреба.
Употребата на овој веб портал подразбира целосно и недвосмислено прифаќање на условите за употреба, применети на целата содржина на оваа страна. Доколку посетителот/корисникот на оваа страна не се согласува со било кој дел од овие услови, веднаш треба да го напушти овој веб портал и да не го употребува истиот.
Со посета или употреба на веб порталот http://e-aukcija.pekabesko.com.mk/ корисниците потврдуваат дека ги прочитале, разбрале и безусловно ги прифаќаат условите за употреба. Пекабеско АД може еднострано да ги измени сeгашните услови во секое време, без претходна опомена на корисниците, со тоа што ќе ја објави таа промена преку веб порталот. Употребата на овој веб порталот после објавата за промена подразбира и согласност за направената промена.
Корисникот врз основа на доставени податоци, дава согласност Пекабеско АД да отвори профил во негово име, кој ќе ги содржи следниве податоци:
- Назив на правното лице
- E- mail адреси
- Контакт лице
- Кориснички профил
Профилот е податок кој не е поврзан со податоци што го идентификуваат корисникот. Називот на профилот ќе биде достапен на сите корисници на Услугата. Податоците од профилот ги има Пекабеско АД и истите нема да бидат достапни на e-aukcija.pekabesko.com.mk.
1. УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ НА УСЛУГАТА
1.1. Достапност на услугата
Услугата е достапна само на оние кориници за кои Пекабеско АД има отворено профил. Отворениот профил е автоматски активен , и корисниот може да ја промени само лозинката за истиот. Корисникот добива автоматска порака дека е креиран негов профил на негова e mail адреса.
1.2. Ограничувања на употребата
Корисникот се согласува да ја користи услугата само за целите дозволени со овие правила и услови и само до степен дозволен од кој било применлив закон, пропис или општо прифатена практика во применливите законски прописи.
Ако користењето на Услугата или друго однесување, намерно или ненамерно ја загрозува способноста на Пекабеско АД да ја обезбедува Услугата или други системи, Пекабеско АД ќе има право да ги преземе сите разумни мерки за да ги заштити Услугата и системите на Пекабеско АД, што може да вклучува и прекинување на Вашиот пристап до Услугата. Повторени прекршувања на ограничувањата можат да резултираат со укинување на Вашата сметка.
1.3. Достапност на услугата
Услугата е достапна преку веб страната http://e-aukcija.pekabesko.com.mk/.
1.4. Измени на услугата
Пекабеско АД го задржува правото да врши измени на овие правила и услови во секое време и да воведува нови или дополнителни услови за Вашето користење на Услугата. Ќе бидете известени за таквите измени и за дополнителни услови за користење.
Се согласувате дека Пекабеско АД нема да одговара пред Вас или пред која било трета страна за каква било измена или укинување на Услугата.
1.5. Лични податоци
Управувањето и заштитата на личните податоци на корисникот на нашата веб страна се регулирани со постоечките Услови за употреба, одредбите од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник 07/05) и Одлуките, директивите и регулативите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (http://www.dzlp.mk/) Личните податоци нема да бидат доставени до било која трета страна, освен ако законот кој се применува бара обелоденување на овие податоци и тоа само до надлежните органи. Наведените податоци може да се чуваат и да се обработуваат од страна на Пекабеско АД за комуникација и статистички цели, како и за подобрување на услугите што се нудат. Со користењето на веб порталот, корисниците ја даваат својата согласност за употреба на таквите податоци од страна на Пекабеско АД.
2. УСЛУГИ
Користење на услугите нa http://e-aukcija.pekabesko.com.mk
Пекабеско АД обезбедува услуги за набавка преку учество во електронска аукција – e-аукција. На е-аукцијата корисникот може да учествува како продавач на предметот за кој се спроведува наддавањето кој заедно со другите продавачи учествуваат во наддавањето по електронски пат.
Услугата е составена од следните чекори:
- објавување на предмет / услуга за купување со детален опис;
- објавување на понудите што ги даваат корисниците,
- спроведување на електронска јавна аукција;
- известување за најповолен понудувач;
За користење на услугата, потребно е секој корисник да се најави на http://e-aukcija.pekabesko.com.mk/, со веќе отворениот профил, преку кој понатаму се најавува на порталот и го користи под услови предвидени со овој договор.
Со користење на корисничкиот профил, значи дека Корисникот ги прифаќа сите услови и целата содржина на овој договор, заедно со политиката за заштита на приватноста и општите услови за купувачи и општите услови за продавачи.
Со користење на Вашиот профил можете да поставувате содржини како продавач на предмет/услуги што ќе бидат предмет на е-аукција.
3. СОДРЖИНАТА И ВАШЕТО ОДНЕСУВАЊЕ
3.1. Содржина
„Содржина“ се сите информации што корисниците ги прикажуваат, закачуваат и објавуваат со користење на Услугата, како што се датотеки со податоци, напишан текст, софтвер, графика, фотографии, слики, звуци, видеа, пораки и други слични материјали.
Корисниците на Услугата се согласни дека за сите содржини, без разлика дали се објавени јавно или приватно емитувани на Услугата, единствено е одговорно лицето од кое потекнуваат тие содржини. Ова значи дека Вие, а не Пекабеско АД , сте единствено одговорни за сите содржини што ги поставувате, објавувате, или на друг начин ги ставате на располагање со Вашето користење на Услугата. Разбирате дека со користењето на Услугата можете да наидете на содржини што ги сметате за навредливи, непристојни или непријатни и дека можете да изложите и други корисници на содржини што тие ги сметаат за непријатни.
Пекабеско АД не ги контролира содржините објавени преку Услугата, ниту пак ги гарантира точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини.
Корисникот е информиран и согласен дека користењето на Услугата и содржините на истата е единствено избор на Корисникот вклучувајќи ги и сите можни ризици кои можат да настанат од користењето на услугата.
3.2. Корисничко однесување
Веб порталот http://e-aukcija.pekabesko.com.mk ќе се употребува само за законски цели и на начин кој не ја ограничува или инхибира употребата од било која трета страна. Корисниците на веб порталот треба да се придржуваат со правилата и одредбите на европското и меѓународното право и легислатива која ги регулира телекомуникациите и да се воздржат од било какво илегално и навредливо/несоодветно однесување кое може да има негативни последици за другите посетители/корисници и да предизвика оштетување или пореметување на веб порталот.
Подетално, Корисникот се согласува дека НЕМА да ја користите Услугата за:
- да поставува, презема, објавува, испраќа преку е-пошта, емитува, складира или на друг начин да споделува содржини што се незаконски, вознемирувачки, заканувачки, штетни, клеветнички, злоупотребувачки, насилнички, непристојни, вулгарни содржини, содржини што ја нарушуваат туѓата приватност, што содржат говор на омраза, содржини што се навредливи на расна или етничка основа или непријатни на кој било друг начин;
- да објавува, испраќа, емитува или на друг начин да споделува несакани или неовластени е-пораки, рекламирање, промотивни материјали, непотребна е-пошта, спам или групни пораки, вклучително, но без ограничување на масовно комерцијално рекламирање и информативни соопштенија;
- да поставува, објавува, испраќа преку е-пошта, емитува, складира или на друг начин да споделува материјал што содржи вируси или каков било друг компјутерски код, датотеки или програми што се наменети да ѝ наштетат, попречат или да го ограничат нормалното работење на Услугата (или кој било нејзин дел) или друг компјутерски софтвер или хардвер;
3.3. Отстранување содржини
Пекабеско АД под никакви околности, дури и во случај на небрежност, нема да одговара за било какви грешки, пропусти или недостатоци кои се однесуваат на обезбедените податоци од други лица, секое задоцнување, прекин или неможност да се прати информацијата или оштетување предизвикано од Корисникот кој ја користи таквата информација, ниту има обврска да ги проверува т содржините доставени од Корисникот.
Меѓутоа, Пекабеско АД го задржува правото во секое време да утврди дали содржините се соодветни и усогласени со овој договор и може да ги провери, релоцира, одбие, измени и/или отстрани содржините во секое време, без претходно известување и по сопствена дискреција, доколку утврди дека со таквите содржини се прекршува овој договор или дека содржините се на друг начин несоодветни.
3.4. Известување за права од интелектуална сопственост
Правата од интелектуална сопственост за сите содржини објавени на веб порталот, како и делови од услугата, вклучувајќи но неограничувајќи се на: избор, листинзи, наддавање, аранжмани и презентации на сите материјали, алатки и/или апликации се сопственост на ПЕКАБЕСКО АД согласно релевантните одредби од важечката законска регулатива во земјата како и меѓународните стандарди, главно во поглед на интелектуалната и индустриска сопственост, со исклучок на заштитените права од трети лица.
Корисникот се согласува да ги почитува овие ограничувања и воедно е запознат со фактот дека е забрането користење на содржините без претходно изречна писмена согласност од Пеекабеско АД.
Корисникот не смее да ги користи трговските марки, знаци, трговските називи, знаци за означување на услугите, авторските права и/или логоа составен дел на овој портал, ниту да ги користи на било каков начин што оддава впечаток дека тие му припаѓаат на Корисникот или се на некаков начин поврзани со Корисникот, со исклучок на изречна писмена согласност на Пекабеско АД.
Следствено, ниедна измена, објава, пренос, репродукција, дистрибуција, презентација или било каква употреба на содржината на веб страната било целосно или делумно, не е дознволена на било кој начин без претходна согласност од Пекабеско АД. Со исклучок ограничено копирање, печатење или запамтување на делови од содржината е дозволено за лична употреба на посетителот, но со знаење за нејзиното потекло и дека таа не може да биде искористена за комерцијални или некои други цели.
Строго е забрането да го менувате изгледот на веб порталот, ниту пак преку линк да го поврзувате со други интернет страници што содржат какви било содржини спротивни на правниот поредок, што содржат клевети, со кои се кршат права од интелектуална сопственост, и се загрозува приватноста.
3.5. Известувања за прекршувања на овој договор
Доколку Корисникот во текот на користењето на Услугата, согледа содржини што се сметаат за несоодветни или содржините на некој друг начин ги прекршуваат или ограничуваат овие правила и улови за користење, Корисникот може да поднесе пријавите со испраќање е-порака до pekabesko@pekabesko.com.mk, elena@pekabesko.com.mk, slavica.z@pekabesko.com.mk.
4. Сопственички права на Пекабеско АД
Пекабеско АД ги поседува сите законски права и интереси во Услугата и за неа, вклучително, но не ограничувајќи се на графиките, корисничкиот интерфејс, скриптите и софтверот користени за спроведување на Услугата, како и за секој софтвер што ви е обезбеден како дел од и/или во врска со Услугата („Софтверот“), вклучувајќи ги сите права на интелектуална сопственост за Услугата. Понатаму, се согласувате дека Услугата (вклучително и Софтверот или кој било друг дел) содржи сопственички и доверливи информации што се заштитени од применливите закони за права на интелектуална сопственост и други закони, вклучително, но не ограничувајќи се на авторските права.
Се согласувате дека нема да ги користите таквите сопственички информации или материјали на каков било начин освен за употреба на Услугата во согласност со овој договор. Ниту еден дел од Услугата не смее да се репродуцира во која било форма или на кој било начин, освен како што е изречно дозволено со овие услови.
Користењето на софтверот или на кој било дел од услугата, освен за користење на услугата како пто е дозволено во овој простор за употреба, е строго забрането и ги прекршува правата на интелектуалната сопственост на други лица, и може да Ве изложи на граѓански и кривични казни, вклучително и можни парични оштети за прекршување на авторски права и други права од интелектуална сопственост.
5. УКИНУВАЊЕ НА ПРОФИЛ
5.1. Затварање на профил на барање на корисникот
Доколку Корисникот сака да го затвори активниот пристап на веб порталот http://e-aukcija.pekabesko.com.mk/ , треба да достави писмено барање до Пекабеско АД на следниве адреси: pekabesko@pekabesko.com.mk, elena@pekabesko.com.mk, slavica.z@pekabesko.com.mk
5.2. Затварање на профил од страна на Пекабеско АД
Пекабеско АД може во секое време, еднострано, под одредени околности и без претходно известување може да ја укине или да ограничи дел од Вашата сметка и/или Вашиот пристап до Услугата, особено, но не ограничувајќи се на следниве настани:
- прекршувања на овие правила и услуги или какви било други политики или насоки наведени овде и/или објавени на Услугата;
- Ваше барање да ја откажете или да го укинете профилот;
- неочекувани технички или безбедносни проблеми;