За Пекабеско

Пекабеско – Лидер во производството на сувомесни производи

Пекабеско АД е компанија со речиси 40 годишна традиција која денес има повеќе од 460 вработени. Формирана е во далечната 1979 година. Своите корени ги влече од претставништвото на тогаш најголемиот Земјоделски комбинат ПКБ Белград кое е отворено во 1972 год. Во 1991 година ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.

Во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот Пекабеско. Денес, палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи. Производите под логото на Пекабеско освен во Македонија, може да се најдат и на пазарите во Србија, Косово, Црна Гора и Хрватска.

Во 2012 година е изграден новиот Производствено – логистички центар на Пекабеско со површина од 19.700 м2, лоциран во с.Кадино, Илинден. Овој Центар има капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје. Заклучно со оваа инвестиција во изминативе 5 години, Пекабеско има инвестирано околу 18 милиони евра.

Производствено – логистичка дејност

Покрај производството, дистрибуцијата за повеќе домашни и странски компании, е клучна дејност на Пекабеско. Техничките можности, но човечките ресурси и кадар, овозможуваат Пекабеско да заземе едно од водечките места во дистрибутивната дејност во Македонија.

Пекабеско располага со дистрибутивна мрежа која се состои од повеќе од 100 возила и над 130 вработени само во дистрибутивно логистичкиот сектор и магацини со 7000 палетни места на сите режими на лагерување. Компанијата секојдневно врши и дистрибуција за повеќе домашни и меѓународни компании, односно на повеќе од 270 различни производи.

Меѓународни сертификати и признанија

Пекабеско стана една од неколкуте компании од Македонија кои се сертифицирани со меѓународниот стандард ISO 22000 : 2005.

Овој сертификат се однесува на: прием, складирање и дистрибуција на прехранбени производи, како и на производство на ферментирани трајни и термички обработени колбаси, трајни и полутрајни сувомеснати производи, сланина, конзерви од месо во парчиња и стерилизирани конзерви.

Сертификацијата е извршена од страна на престижната сертификацискa куќа TÜV NORD CERT

Во 2008 година Пекабеско го имплементираше HACCP стандардот, а во 2009 година се вброи во македонските компании кои го имаат добиено признанието Superbrands.

Општествена одговорност

Општествената одговорност и грижата за заедницата станува една од примарните определби на Пекабеско. Од 2015 година, во соработка со интернет заедницата и Црвениот Крст започна со спроведување на акција за доделување на пакети со храна за социјално загрозени семејства.

Исто така, компанијата постојано поддржува голем број меѓународни младински конференции, културни настани, спортски кампови за деца и слично, со што покрај поддршката, Пекабеско има за цел и мотивација на останатите компании во своите приоритети да ја стават хуманата димензија и грижата за заедницата.