ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ПРИВАТНОСТА НА ПОРТАЛОТ www.e-aukcija.pekabesko.com.mk (во понатамошниот текст: 'Политика')
1. Вовед
Интернет посетителот/ правното лице ( во понатамошниот текст : корисникот) е согласен да ја користи Услугата овозможена преку веб порталот www.e-aukcija.pekabesko.com.mk (во понатамошниот текст: Услугата).
Корисникот бесусловно се согласува и дозволува Пекабеско АД да ги собира, користи, пренесува, обработува и одржува податоците поврзани со корисничкиот профил на корисникот за целите на обезбедување на Услугата, како и кои било функции поврзани од неа.
Податоците што ги собира Пекабеско АД во процесот на користење на Услугата може, исто така, да вклучува и технички и статистички податоци поврзани со или како резултат на Вашето користење, а што Пекабеско АД може да ги користи за да ги поддржува, подобрува и унапредува услугите.
Корисникот врз основа на доставени податоци, дава согласност Пекабеско АД да отвори профил во негово име, кој ќе ги содржи следниве податоци:
- Назив на правното лице
- E- mail адреси
- Контакт лице
- Кориснички профил
Профилот е податок кој не е поврзан со податоци што го идентификуваат корисникот. Називот на профилот ќе биде достапен на сите корисници на Услугата. Податоците од профилот ги има Пекабеско АД и истите нема да бидат достапни на www.e-aukcija.pekabesko.com.mk.
Правото на користење на www.e-aukcija.pekabesko.com.mk е лично на Корисникот и не е преносливо на кое било друго лице или субјект.
2. Содржини
"Содржини" значи сите информации што можат да бидат генерирани или сретнати преку користењето на услугата, пишан текст, софтвер, графика, фотографии, слики, звуци, видеа, пораки и други слични материјали. Вие разбирате дека сите содржини, било да се јавно објавени или приватно пренесени на Услугата, се единствена одговорност на лицето од кое потекнуваат таквите содржини . Ова значи дека вие, а не Пекабеско АД, сте единствено одговорни за каква било содржина што ќе ја испратите, постирате, пратите по е-пошта, пренесете, зачувате или на друг начин ќе ја ставите на располагање преку користењето на Услугата. Вие разбирате дека со користење на Услугата можете да наидете на содржини што можете да ги најдете за навредливи, непристојни, или недостојни, и дека можете да изложите други на содржини што тие можат да ги најдат за недостојни. Пекабеско АД не ги контролира содржините испратени преку Услугата, ниту пак ја гарантира точноста, интегритетот или квалитетот на таквите содржини. Вие разбирате и се согласувате дека Вашето користење на Услугата и која било содржина е единствено на Ваш сопствен ризик.
3. Корисничко однесување
Веб порталот www.e-aukcija.pekabesko.com.mk ќе се употребува само за законски цели и на начин кој не ја ограничува или инхибира употребата од било која трета страна. Корисниците на веб порталот треба да се придржуваат со правилата и одредбите на европското и меѓународното право и легислатива која ги регулира телекомуникациите и да се воздржат од било какво илегално и навредливо/несоодветно однесување кое може да има негативни последици за другите посетители/корисници и да предизвика оштетување или пореметување на веб порталот.
Подетално, Корисникот се согласува дека НЕМА да ја користи Услугата за:
- да закачува, презема, постира, праќа преку е-пораки, пренесува, зачувува или на друг начин да прави достапни какви било содржини што се незаконски, вознемирувачки, заканувачки, штетни, клеветнички, злоставувачки, насилни, навредливи, вулгарни, со кои се нарушува приватноста на друг, со кои се шири омраза, расно или етнички навредливи или на друг начин непристојни;
- да демне, вознемирува, да се заканува или да му причинштета на друг;
- Пекабеско АД го задржува правото да го избрише Вашиот профил доколку смета дека лажно или погрешно го претставувате вашиот идентитет или со којшто неовластено се користи името или идентитетот на друго лице
- да постирате, испраќате, пренесувате или на друг начин да правите достапни какви било небарани или неовластени електронски пораки, реклами, промотивни материјали, непотребни електронски пораки, спам или верижни писма, вклучително, но без ограничување на, пакет комерцијални реклами и информативни известувања;
- да закачува, постира, праќа преку електронски пораки, пренесува, зачувува или на друг начин да прави достапни какви било содржини што содржат вируси или каков било друг компјутерски код, датотеки или програми што се наменети за да причинат штета, за да го попречат или да го ограничат нормалното функционирање на Услугата (или на кој било дел од неа) или кој било друг компјутерски софтвер или хардвер;
- да ја попречува или да ја нарушувате Услугата (вклучително и да пристапувате до Услугата преку какви било автоматизирани средства, како скрипти или вебкролери), или кои било сервери или мрежи поврзани со Услугата или кои било политики, барања или регулативи на мрежи поврзани со Услугата (вклучително и каков било неовластен пристап, користење или мониторирање на податоци или сообраќај на нив);
- да планира или да земе учество во каква било незаконска активност;и/или
- да собира и да зачувува лични податоци за кој било корисник на Услугата за да се употребат во врска со која било од претходно наведените забранети активности;
4. Отстранување содржини
Пекабеско АД под никакви околности, дури и во случај на небрежност, нема да биде одговорна за било какви грешки, пропусти или недостатоци кои се однесуваат на обезбедените податоци од други лица, секое каснење, прекин или неможност да се прати информацијата или оштетување предизвикано од посетителот/корисникот кој ја користи таквата информација, ниту има обврска да ги проверува т содржините доставени од Корисникот.
Меѓутоа, Пекабеско АД го задржува правото во секое време да утврди дали содржините се соодветни и усогласени со овој договор и може да ги провери, релоцира, одбие, измени и/или отстрани содржините во секое време, без претходно известување и по сопствена дискреција, доколку утврди дека со таквите содржини се прекршува овој договор или дека содржините се на друг начин несоодветни.
5. Сигурност на веб порталот
Пристапот до веб страната е обезбеден по иницијатива на посетителот/корисникот, а не по иницијатива на Пекабеско АД.
Посетителот/корисникот на веб страната е исклучиво одговорен за добивање и одржување на потребната опрема (на пр. персонален компјутер), софтвер, телекомуникациска опрема и сите други услуги потребни за остварување на пристап до овој сајт. Корисниците се исто така одговорни за заштита на нивниот систем од вируси и друг малициозен софтвер. Пекабеско АД ги има направено сите можни напори за да се осигура дека сите безбедносни мерки се превземени за да се заштити веб порталот од вируси и друг малициозен софтвер и исто така користи безбедносни системи за контрола на пристап до својата веб портал се со цел да се спречат напади и неавторизирани пристапи, но тоа не гарантира дека содржината на веб порталот ќе биде ослободена од вируси, грешки и други штетни компоненти и следствено, во никој случај нема да биде одговорна за било каква штета причинета на горенаведената опрема, софтвер и фајлови на корисникот, како и за било каква штета предизвикана од корисникот, поради било која од горенаведените причини.
6. Лични податоци
Управувањето и заштитата на личните податоци на посетителот/корисникот на нашата веб страна се регулирани со постоечките Услови за употреба, одредбите од Законот за заштита на личните податоци (Службен весник 07/05) и Одлуките, директивите и регулативите на Дирекцијата за заштита на личните податоци (www.dzlp.mk).
Личните податоци нема да бидат доставени до било која трета страна, освен ако законот кој се применува бара обелоденување на овие податоци и тоа само до надлежните органи.
Наведените податоци може да се чуваат и да се обработуваат од страна на Пекабеско АД за комуникација и статистички цели, како и за подобрување на услугите што се нудат. Со користењето на оваа веб страна, корисниците ја даваат својата согласност за употреба на таквите податоци од страна на Пекабеско АД и/или неговите поврзани компании.
7. Прифаќање на условите
Со користење на оваа страница, корисникот се согласува со одредбите од политиката за приватност. Доколку Корисникот не се согласува со политиката, тогаш Ве молиме да не користете ја нашата страница. Вашето континуирано користење на страницата следејќи ги промените на оваа политика ќе се смета за Ваше прифаќање на дадените промени.
8. Политика за cookies
"Cookie" е мал текстуалen фајл што се испраќа и се зачувува на Вашиот компјутер или на било кој друг уред што го користите за пристап на Интернет, секој пат кога ќе ја посетите веб страната, без собирање на никакви информации за документите или фајловите од уредот на Корисникот. Пребарувачот на интернет на корисникот ги чува колачињата на неговиот компјутер заради цели на чување записи за посетите на страницата. Корисниците може да изберат да ги наместат своите пребарувачи на интернет да ги одбијат колачињата или да јават предупредување секогаш кога ќе се пратат колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од страницата може да не функционираат како што е предвидено.